4. Лосос

Кралот меѓу рибите го чува здравјето на срцето и мозокот, а помага и во одржување на рамнотежата на хормоните. Исто како што авокадото содржи омега 3 масни киселини кои го балансираат холестеролот во крвта и ги држат хормоните под контрола. Лососот, покрај тоа има антиинфламаторни особини кои можат да го спречат појавувањето на акни и егзема на кожата. Најдобро е да се јаде 200 грама од оваа риба неделно.
5. Јајца

Жолчката со години била на лош глас поради високото ниво на холестерол. Неодамнешните студии докажале дека јајцата, всушност, имаат високо ниво на добар холестерол, но дека конзумирањето на цели јајца е важно за рамнотежата на хормоните во телото. Целите јајца доведуваат до мека и нежна кожа и би било најдобро да се јаде едно јајце на ден.
6. Брокула

Зелениот лиснат зеленчук како што е брокулата (спанаќот и прокулата) содржи природна супстанциа сулфорафан и спој IC3 (indole 3-Carbinol) со што се зголемува можноста на црниот дроб да го метаболизираат естрогенот. Соодветните количини на естроген хормонот го зголемува нивото на колаген, со што кожата изгледа напната и префинета. Овој вид зелен зеленчук најдобро би било да се јаде варен на пареа – секој ден.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















