Како да се зборува?
Со детето за посвојувањето треба постојано да се зборува. Иако нашиот закон препорачува на детето да му се каже дека е посвоено до неговата седма година, резултатите покажаа дека на оваа тема треба да се започне да се зборува многу порано.
Детето создава свесност за себе и за својата околина постојано додека расте и важно е да му се помогне во таа свест да го прифати и фактот дека е посвоено. Се разбира дека начинот како тоа се прави зависи од возраста на детето. На пример, кога детето е мало и кога разговараме со него за тоа од каде бебињата доаѓаат, ние ќе зборуваме дека се раѓаат од стомакот на мајката, но и дека некои деца доаѓаат во семејството и на поинакви начини.
Со текот на годините, начинот на разговорот за посвојувањето ќе се менуваат, како и детските прашања. Важно е дека со начинот како му приоѓаме на ова прашање ние му сигнализираме на детето дека темата во нашето семејство не само што е дозволена, туку е и добредојдена и дека таа не е тајна, а разговорот за неа не повредува или боли. На тој начин ние му помагаме на детето да го развива чувството на доверба во нас како родители, со кои може да зборува за сè, без разлика колку чувствително било некое прашање. Ние го учиме дека неговото минато не е нешто лошо и неприфатливо, што мора да биде тајна која треба да се скрие.
Дали на детето треба да му се каже кои се неговите родители ?
Често се јавуваат посвоителите кои не знаат што и како да му кажат на своето дете за неговата историја. Од сопствените стравови, несигурноста и потребата да го заштитат детето го одложуваат разговорот за посвојувањето или само го бојат со светли бои (Мама и тато навистина силно те посакувале и долго време те барале, Ти нѐ избра нас или Ние тебе те одбравме). Сепак, за детето да биде избрано или да има можност на избор (што не е точно, бидејќи детето во процесот навистина не избира ништо : ниту да биде одвоено од неговото биолошко семејство, ниту да го стави во дом или згрижувачко семејство; не избрало да бидепосвоено, ниту кои ќе бидат негови родители), прво мора да го изгуби своето прво семејство.
Начинот на кој зборуваме за таа загуба, за причините за таа загуба, се исклучително важни за детето да создаде целосна слика за себе. Овие разговори се повторуваат во текот на годините и се водат на различни начини. Секогаш е важно да се каже вистината на начин кој е соодветен на возраста и способностите на децата, кои одговараат на нејзиното прифаќање.
Треба да се зборува со детето за причините зошто повеќе не е со биолошкото семејство, каде и како тие пораснаа, дали има биолошки браќа и сестри и каде тие се наоѓаат. Со текот на времето, детето ќе поставува повеќе прашања, а ние со одговорите ќе треба да бидеме подготвени за нив. Затоа е важно да собереме што е можно повеќе информации за околностите на животот на детето, пред тоа да стане дел од нашето семејство. Така ќе му помогнеме со време да ги подреди парчињата на сликата кои го сочинуваат неговиот живот.
Важно е да не ја боиме таа вистина со сопствените погледи на свет. На пример, нема на детето да му зборуваме: Подобро ти е со нас, отколку со онаа ужасна жена која те родила и не се грижеше за тебе, бидејќи пораката што ја испраќаме на тој начин детето може да ја преведе на следен начин: Ти потекнуваш од лоша личност, па си (можеби) и ти лош (а). Исто така, лошо е да се каже, Доаѓаш од “сиромашните” семејства во нашето “добро” семејство, бидејќи таквата изјава детето може да ја разбере како не сум добар и вреден кога мајка ми не се грижеше за мене.
Како родители ние мора да бидеме подготвени да им помогнеме на своите деца да ја интегрираат вистината за својата историја и емоциите кои таа историја во нив ги предизвикува, дури и кога тие вистини се тешки и сурови. Ако тоа не го направиме ние, на кои нашите деца учат да им веруваат, останува празен простор кој можат самите деца да го пополнат сонувајќи или може родителите да го пополнат со кажување приказни, па дури може навредите на другите деца да го пополнат, што остава многу посериозни последици. Важно е децата да научат дека дел од нивното минато може да биде болно и тешко, но дека нивното минато, иако е дел од нив, не се сѐ што тие се. И дека, без разлика на тоа што е нивната историја, децата за неа не се одговорни.
Што да им се каже на децата?
Во Република Хрватска не е регулирано “отворено” посвојување, кое постои во другите земји, каде што биолошките родители се присутни во животот на детето, иако тие не го воспитуваат ниту пак живеат со него. Во нашата средина децата генерално одат на посвојување, бидејќи се одвоени од своите биолошки семејства поради злоупотреба или занемарување. Во такви околности, не се практикува одржување контакти, особено кога детето е помало. Понекогаш децата имаат силна желба да ги запознаат своите биолошки родители и важно е да им се помогне во тоа.
По 18-годишната возраст имаат право да ги проверат нивните досиеја, и, исто така, на запознавање на биолошкиет родители без посредство. Додека се малолетни, запознавањето е можно ако центарот за социјалната заштита добие согласност од биолошките родители. Важно е да се процени емоционалната зрелост на детето и да се биде со него во текот на целиот овој период, кој на ниту еден од учесниците на тријадата на посвоителите сигурно нема да биде лесен.
Н О В О !!!
Бидете и вие дел од фамилијата на my World
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















