За 20 г. обновиле шума од 1.754 хектари | Животните се вратиле во своите природни живеалишта | Фото/Видео

1314

Во текот на 20 години, бразилскиот фоторепортер Себастијао Рибеиро Салгадо и неговата сопруга Лелиа претвориле неплодна земја во просперитетна шума.

Пред 30 години, бразилскиот фоторепортер Себастијао Рибеиро Салгадо (Sebastião Ribeiro Salgado) се вратил од Источна Африка (East Africa), каде што бил на локација документирајќи ги ужасите на геноцидот во Руанда (Rwanda). Следејќи го овој трауматизиран проект, Салгадо требал да го преземе фамилијарниот ранчот во Минас Жераис (Minas Gerais) – регион што го запаметил како бујна и жива дождовна шума.

За жал, областа претрпела драстична трансформација; само околу 0,5% биле опфатени со дрвја, и сите диви животни исчезнале. “Земјата”, вели за The Guardian, “беше толку болна колку што сум јас сега”.

Потоа, неговата сопруга Lélia дошла на идеја да ја обноват шумата. Со цел да ја реализираат оваа навидум невозможна мисија, двојката ја отвори “еколошката организација посветена на одржливиот развој на Valley of the River DoceInstituto Terra – во 1998 година.

Во текот на следните неколку години, Салгадо и тимот на Институтот Тера, полека но сигурно ја обновиле шумата на 1.754 хектари, преобразувајќи ја од неплодна земја во тропски рај.

Hoje é o dia da Mata Atlântica, um dos biomas mais ricos e diversos do mundo. No Instituto Terra, a característica da Mata Atlântica que predomina é a Floresta Estacional Semidecidual, veja o vídeo e conheça melhor sobre essa formação.https://youtu.be/_aN-wgOgGXE

Gepostet von Instituto Terra am Donnerstag, 30. Mai 2019

Сега, Приватниот резерват на природното наследство (Private Natural Heritage Reserve), како го нарекуваат поранешниот ранч за добиток, има над стотици видови на флора и фауна. Покрај 293 видови дрвја, земјата сега има и 172 видови птици, 33 видови цицачи и 15 видови водоземци и влекачи – од кои многу се загрозени.

Очекувано, ова подмладување има огромно влијание врз екосистемот и климата. Со повторно засадување на растенијата и враќањето на животните во областа, се вратија и изсушените извори во областа подложени на суши, дури има и позитивно влијание на локалните температури.

На крајот на краиштата – и можеби најнеочекуваното – овој голем подвиг гспаси многу повеќе од локалниот пејзаж. “Сите инсекти, птици и риби се вратија,” вели Салгадо “и, благодарение на ова зголемување на бројот дрвјата, јас повторно се родив – тоа е најважниот момент”.

Atos de esperança transformam o mundo, o Instituto Terra é o exemplo disso. Vídeo apresentado no Simpósio da FAFICH – UFMG – 25 e 26 de abril de 2019.Tema: Grandes respostas em tempos difíceis: Resiliência e Esperançahttp://www.fafich.ufmg.br/grandesrespostas/links-sugeridos/

Gepostet von Instituto Terra am Dienstag, 30. April 2019