3 кафиња на ден не го скратуваат животот

152

Жените кои пијат 2 или 3 шолји кафе дневно имаат 25 % помал ризик од смрт предизвикана од срцеви болести.

Шпанските научници неодамна откриле дека до шест шолји кафе на ден со или без кофеин не го скратуваат животниот век. По тој повод, во списанието “Annals of Internal Medicine” објавија резултати од истражувањето за поврзаноста на потрошувачката на кафето со појавата на срцеви заболувања, рак или други болести.

Испитаниците беа учесници во две големи студии (Health Profešionals Follow-Up Study i Nurses” Health Study), во кои биле вклучени 42.000 мажи и 84.000 жени. Нивното здравје и животните навики биле следени многу години – жените од 1980 година до 2004 година, а мажите од 1986 година до 2004 година.

На секои две години, пополнувале прашалник за навиките во исхраната, вклучувајќи го и пиењето кафе, пушење и здраввствена состојба. Резултатите покажале дека жените кои пијат 2 или 3 шолји кафе дневно имаат 25 % помал ризик од смрт од срцеви болести и 18 % помал ризик од смрт од други болести освен ракот, во споредба со жените кои не пијат кафе.

Кај мажите кои пијат до 3 шолји кафе на ден не се најде помал, но ниту поголем ризик од смрт во споредба со оние кои не пијат кафе.

Истражувачите веруваат дека врската не може да се препише на кофеинот, бидејќи конзументите на кафе, исто така, имале подолг животен век, при што влијанието, најверојатно може да се препише на состојките, како што се антиоксидансите кои се наоѓаат во кафето.

Сепак, советот на истражувачите е дека потрошувачката на кафето треба да биде индивидуална – ако некој сака да пие кафе, но му пречи да заспие, треба да ја ограничи неговата доза или да пијат кафе без кофеин.