Ако често ги зборувате овие зборови, страдате од депресија

420

Научниците процесуирале 64.000 испитаници, а компјутерите ги сумирале зборовите и фразите кои депресивците често ги користат.

Во зависност од тоа како спиете или како комуницирате со луѓето од околината, внимателен набљудувач може да прочита дали сте депресивни. Депресијата го менува целото однесување на една личност. Депресијата може да ја издаде начинот на говор и писменото изразување. Понекогаш овој “јазик на депресијата” може да има силен ефект врз другите. Доволно е да го разгледате влијанието на песните и текстовите на Силви Плат и Курт Кобејн, кои се убиле поради депресијата.

Научниците долго се обидувале да го одредат точниот однос на депресијата и начинот на изразување, а технологијата нѝ помага да се приближиме до целосната слика. Новата студија, објавена во Клиничката психологиска наука, сега ги открива видовите на зборови кои точно можат да одредат дали некој страда од депресија.

Традиционално, лингвистичката анализа во оваа област ја вршат истражувачи кои читаат и пишуваат белешки. Денес, анализите на текстовите со компјутерски методи овозможуваат обработка на екстремно големи банки за податоци во неколку минути. Тоа може да помогне во изнаоѓање на јазичките опции кои луѓето би можеле да ги пропуштат, бидејќи компјутерски може да се пресмета и процентот на зачестеноста на одредени зборови и групи на зборови, лексички разновидности, просечната должина на речениците, граматичките модели и многу други параметри.

Досега личните есеи и дневничките записи на депресивните луѓе биле корисни, како и делата на реномираните уметници како Кобејн и Плат. Во изговорениот збор, увид дале и исечоците на природниот говор на луѓето со депресија. Заедно, резултатите од таквите истражувања откриваат јасни и конзистентни разлики во јазикот меѓу оние со и без симптоми на депресија.

Фокусирање на себе

Продолжува на страна 2