Како да се справиме со детето Фазата | Илјада не сакам, а ниту еден сакам

101

Фаза. Периодот. Најжестоките изминати три години, единаесет месеци и дваесет и еден ден. Добро, секогаш постојат некои фази. Мои пријателки, мајки поискусни од мене, на секоја дилема одмавнуваат со рака и велат: Тоа е само фаза, остави, ќе помине. Ох, и јас знам дека ќе помине, но ова е многу долга и тешка, многу тешка

Тоа е онаа фаза кога од пет работни денови во неделата ние доцниме во градинка и шестиот ден. Значи, постојано. Таа фаза кога мојата најмила ќерка во бањата со својата четка за заби ги мие пешкирите, огледалото, дозерот за сапун, сѐ освен забите. И се лути најсилно ако се осмелувам да ѝ кажам дека не ги измила.

Таа е фазата кога ќе побарам од неа да се облече за да на време стигнеме во градинката, а таа на мене чека и по 10 минути во пижами гледајќи цртани филмови. А потоа уште вика на мене, бидејќи јас ѝ реков да се облече. Се обидува да ме штипне, изгребе, турне, а на патот во градинка оди од нога на нога, бидејќи ја замолив да побрза.

Ех , ТАА фаза.

За таа фаза треба толку многу трпение. Но, се разбира, ние не сме секој ден исти, понекогаш имаме трпение на фрлање, а понекогаш и само измиеното огледало со четка за заби е доволно за незадоволство, фрустрација и анксиозност.

Морам да признаам дека долго време барав начин, без оглед на својата состојба како да го изрегулирам своето дете.

Се обидов со јасен и малку подигнат глас – не препорачувам никако. На секој мој збор, мојата ќерка имаше две погласни изјави.

Место за ладење – никако два пати. Дури и полоша опција. Пред тоа не сакаше да слушаат ниту работи кои нормално ги сака, како тогаш оваа од која воопшто не е задоволна.

Дозволете ми да објаснам зошто подигнат тон, макар и незначително, и да оди на место за ладење (во својата соба), и сите овие инстант методи кои произлегуваат само од нашата сопствена неспособност на регулација, не се добри за детето. Со секоја таква активност на детето му велиме дека тоа не е во ред. Дека не го прифаќаме во целост. Дека не е добро и исправно.

Продолжува на страна 2