Потребно
- 6 големи чаши млеко
- 1 чаша шеќер
- 2 парчиња ванила
- 4 лажици масло
- 2 чаши ориз
- 1 голема црна чоколада или друго по ваш избор, може и течно чоколадо
- свежо овошје, ореви
Подготовка
- Во тенџере ставете го млекото заедно со шеќерот и ванилата кои претходно сте ги скршиле на две по должината.
- Откако смесата ќе зоврие и шеќерот се стопи, може да тргнете од топлина.
- Во друга тава стопете путер и ставете го во него оризот.
- Мешајте минута-две, додадете чаша од млечната смеса.
- При подготовката на рижото, течноста се додава постепено, додека континуирано го мешате оризот.
- Кога е целосно подготвен, може да ги додадете чоколадните парченца (кои треба да се растопат) или течното чоколадо.
- Послужете и посипете со ореви или украсете со свежо овошје.
//