Семињата од овошје што не треба да ги фрлате

159

Дали некогаш сте размислувале дали заедно со сокот или плодот на лимони или лубеница пример, треба да го консумирате и семето?

Обично повеќето од нас го фрлаат, но на тој начин фрлаат и вредни хранливи материи. Според специјалисти во областа некои од овие семиња се целосно безбедни за исхрана.

Семето на лимоните

Лесно е да голтнеме една или две семки заедно со исцеден лимонов сок или со салата. Тие се безбедни за исхрана и исто така содржат салицилна киселина која може да има корист како смирувачко средство.

Семиња од папаја

Потрошувачката на овие семиња може да биде изненадувачки корисна, бидејќи во нив се содржат високи нивоа протеолитични ензими, како папаин, кој помага за прочистување на паразитите од организмот.

Семето на киви

Тешко е дека некој успешно ги отстранува од слаткиот зелен плод, но добро е да се истакне дека тие се одличен извор на витамин E и омега-3 масни киселини. Обезбедувањето на адекватни количини од овие хранливи материи е од фундаментално значење за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања и висок холестерол.

Семиња од капини

Во нив, исто така, се откриваат големи количества омега-3 и омега-6 масни киселини, а исто така и диететски влакна, каротеноиди и протеини. Полинезаситените масти во семето на капини можат и да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Семето на авокадото

Тие исто така може да се консумираат, бидејќи се со богата содржина на растворливи влакна и се меѓу најдобрите извори на калиум. Покрај тоа, високите нивоа на фенолни антиоксиданси во семето од авокадо го помагаат намалувањето на високиот крвен притисок, висок холестерол и помагаат на имунолошкиот систем.