ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ “ДОЛГ КОВИД” | Многумина продолжуваат да се борат со симптомите со месеци по инфекцијата

1503

Целосната вакцинација не само што ја намалува можноста за инфекција, туку и развој на “долгиот ковид”.

Студијата на британскиот King’s College London покажала дека целосната вакцинација не само што го намалува ризикот од инфекција со коронавирус, туку и ја намалува можноста за инфекција да се развие во т.н.Долг Ковид”, пишува BBC.

Резултатите покажуваат дека кај оние кои се инфицирани со коронавирус и покрај вакцинацијата, шансата нивните симптоми да траат подолго од четири недели е намалена за дури 50% во споредба со оние кои не се вакцинирани.

Повеќето луѓе кои се заразуваат со коронавирусот целосно се опоравуваат во рок од четири недели, но некои симптоми траат со месеци по инфекцијата. Таканаречениот “долг ковид”, исто така, може да го доживеат луѓе кои имале благи симптоми на почетокот на инфекцијата.

Обработиле податоци за повеќе од 2 милиони луѓе

Научниците чија работа е објавена во The Lancet Infectious Diseases велат дека е јасно што вакцините спасуваат животи и спречуваат сериозни болести, но дека сѐ уште не е испитано како вакцината влијае на развојот на “Долг Ковид”. Податоците од истражувањето се собрани преку британската апликација Zoe Covid Study app, на која луѓето самите пријавуваат симптоми, вакцини и тестови.

Помеѓу декември 2020 и јули 2021 година, повеќе од 1,2 милиони возрасни лица кои примиле една доза вакцина и 971.504 лица кои примиле две дози во тој временски период ги внеле своите податоци. Само 0,2%, или 2.370 целосно вакцинирани лица, пријавиле инфекција со коронавирус по вакцинацијата. Од 592 целосно вакцинирани лица кои продолжиле да внесуваат податоци во апликацијата повеќе од еден месец, само 31%, т.е 5%, имале „долг Ковид“ по дефиниција дека болеста траела 28 или повеќе дена по позитивниот тест.

Одредени групи повеќе изложени на ризик од зараза по вакцинацијата

Истражувачите, исто така, откриле дека одредени групи луѓе се со поголема веројатност да бидат заразени по вакцинирањето – оние со послаб имунитет, постарите лица и луѓето што живеат и оние кои живеат во посиромашните области. Ова беше особено точно за оние кои примиле само една доза од вакцината

Главниот истражувач д-р Claire Steves иззјавила дека приоритет треба да им се даде на оние најранливи групи при примање на трета доза од вакцината.