Тинејџерите и сексот

1425

Како да разговарате со тинејџерите за сексот

Ако сте родител на тинејџер или тинејџерка, најверојатно размислувате како да го започнете тој фамозен разговор за сексот. Повеќето родители се чувствуваат непријатно да разговараат за тоа со својот партнер, а уште помалку со своето дете. Најдобро е на оваа тема да пристапите како и кон сите други, кога станува збор за здравјето и безбедноста на вашето дете. Ако се двоумите, размислете за можните последици и тоа ќе ве охрабри. Но, важно е да се постават разумни очекувања, а со тоа поставувате отворена двонасочна комуникација.

Поставете високи стандарди

Иако тинејџерите постојано се борат за независност, тие сè уште гледаат во своите родители како урнек, модел и очекуваат од нив да ги научат како да се движат низ животот. Очекувањата се исти кога станува збор за тинејџерски односи (врски). Вие и вашиот партнер треба да бидете добар пример. На пример, намалете ја расправијата, подобрете ја комуникацијата и никогаш не зборувајате зад грб еден за друг. Покажете ја важноста за добар однос на вашето дете преку меѓусебно разбирање, поддршка и љубов.

Во продолжение можете да ги прочитате основните насоки за интервју:

  1. Истражете ги сопствените ставови!

Пред да започнете со разговорот бидете сигурни во вашите ставови. Размислете за тоа што реално може да се очекува од вашето дете. На пример, кои се тие години кога сметате дека тинејџер соодветно треба да почне со секс и што очекувате од вашето дете, каков вид на однос да има со спротивниот пол. Покрај тоа, размислете за вашите општи ставови за сексот – без разлика дали сте конзервативен или либерален тип на човек?

  1. Преземат иницијатива

Од почеток разговарајте релаксирано, на пример, заедно гледајќи филм за односи и врски. Тинејџерските филмови најдобро провоцираат дискусија за тоа, кога е соодветно да се започне со секс. Разговорот секогаш можете да го почнете со  реченица од типот: “Ако имате било какви прашања во врска со заштита и контрацепција, јас ќе бидам среќен да ти одговорам. Во колку и јас не знам што те интересира можеме заедно да го бараме одговорот”.

  1. Разговарајте

Разговарот со вашето дете не треба да биде лекција што ќе се предаде еднаш. Наместо тоа, разговорите треба да бидат чести кои, пред сè, се отворени и искрени. Не проповедајте, туку делите ставови, мислења и обидете се да го слушате вашето дете што има тоа да каже. Основното правило е двојно повеќе да слушате отколку да зборувате!

 Продолжува на страна 2