Зошто имаме потреба од шеќер кога сме под стрес?

62

Кога сме изложени на стрес, во нашиот организам расте нивото на хормонот кортизол, кој е познат и како стрес-хормон, па затоа телото има потреба од нешто што ќе го стимулира лачењето на серотонин.

Во многу испитувања се покажало дека откако ќе изедат нешто слатко, луѓето даваат помали знаци на стрес.

Ако на лице кое е под стрес му понудите цела шведска маса, многу е веројатно дека веднаш ќе посегне по десертите. Затоа и оние кои се претерано изложени на стрес внесуваат и до 34 грама јаглехидрати повеќе во текот на денот, во однос на оние кои се среќни и релаксирани.

Стресот, познато, ја намалува и енергијата, а тоа мозокот го регистрира како потреба за нејзино инстантно надополнување. Јаглехидратите, како што веќе знаеме, го стимулираат лачењето на серотонинот, кој со своето дејство го неутрализира кортизолот.

Затоа воопшто и не е чудно што по филмовите гледаме како фрустрациите и тагата се лечат со чоколади и сладолед.

Кога личноста е тажна и под стрес, се зголемува ризикот од срцев удар и депресија, но и се намалува концентрацијата и продуктивноста. Понекогаш телото е способно да ја искористи резервата на глукоза за да ја надомести оваа потреба, но многу поверојатно е дека ќе се појави желба за нешто слатко.

Решението е во тоа да научите да се справувате со стресот, без да се полните со шеќери и калории, дури и ако тоа значи да побарате помош од своите блиски или од лекар.