Потешко е да се лекуваат мажите отколку жените

105

За мажите, одењето на лекар е како да одат во авто-сервис, сакаат да завршат што е можно побрзо!

Лекарите при советувањето на своите пациенти и за време на разговорот со нив, би требало повеќе сметка да поведат околу нивниот пол, особено кога станува збор за сериозна болест, вели директорот на Одделот за психосоматски болести и психотерапија во болницата во Нирнберг, д-р Wolfgang Soellner.

При тоа смета дека повеќето некомуникативни мажи би требало да ги охрабри да учествуваат во разговорот.

“Многу нешта зависат од начинот на кој се води разговорот. Лекарите треба да ја научат оваа вештина”, вели д-р Soellner пред одржувањето на конференцијата во Нирнберг за резултатите од истражувањето за разликите во однесувањето на половите.

“Многу потешко е да се дијагностицира и лекува маж отколку жена, затоа што пациентите помалку се грижат за своите чувства и за нив не сакаат да зборуваат”, вели д-р Soellner, сумирајќи ја суштината на родовите разлики: “Мажите на медицината гледаат сосема поинаку од жените. Поточно, ним одењето на лекар им е како да одат во авто-сервис. Тие сакаат работата да се реши брзо и да продолжат понатаму. Жените, пак, очекуваат дискусија и совет.

Како за пример го наведе начинот на кој мажите и жените се справуваат со карциномот. Тој рече дека, општо земено, најчесто во практиката отворено зборува за ракот на дојка со пациентките, а најмалку за ракот на простата со пациентите, и покрај фактот дека квалитетот на животот повеќе зависи од методот на лекувањето кај заболените пациенти од рак на простата, отколку кај жените болни од рак на дојка.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk