Со карикатура на брилијантен начин ги прикажа предизвиците со кои се соочуваат вработените мајки

183

Перуанскиот карикатурист на брилијантен начин ги прикажа комплексните предизвици со кои се соочуваат вработените мајки, а всушност и сите вработени жени.

Мајките се наоѓаат на самиот врв на многу професии, а моменталната генерација на татковци навистина е повеќе вклучена во одгледувањето на децата и грижата за домаќинството во споредба со минатото, но не можеме да се преправаме дека вработените мајки и вработените татковци имаат еднаква прилика на теренот кариера.

Оваа едноставна метафора ја илустрираше перуанскиот карикатурист на дневниот весник „Република“ и на брилијантен начин ги покажа комплексните предизвици со кои се соочуваат вработените мајки, а всушност и сите вработени жени. Благодарение на објавата на индискиот милијардер Ананд Махиндра на Твитер, овој цртеж стана вирален.

Махиндра го објавил цртежот откако го чувал својот едногодишен внук една недела.

„И честитам на секоја вработена жена и признавам дека нивниот успех бара многу поголема количина на напор отколку кај нивните машки колеги“, напиша тој во објавата.

Дури и денес, во 2019 година – мајките често се „главен“ родител. Жените носат потежок ментален товар, рботат повеќе саати покрај целиот домашен неплатен труд, поминуваат повеќе време во одгледување на детето и домашните работи и имаат многу малку време да се грижат за себе.

Од друга страна, едно истражување откри дека слободното време на мажите всушност се зголемува по родителството, додека на мајките им се зголемува единствено само работното оптеретување во домот.

Треба да се нагласи дека цртежот не стана вирален бидејќи е духовит. И за жал, со него можат да се поистоветат многу мајки.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.