Растенијата чувајте ги подалеку од директна сончева светлина | Еве зошто и што треба да направите

650

Чувајте ги подалеку од директна сончева светлина во првите сончеви денови од пролетта, но не грижете се, тоа не значи дека ќе мора постојано да бидат под сенка.

Кога ненадејно ќе се појави сончево време по темна зима, и луѓето и растенијата во затворен простор можат да добијат изгореници, пишува dpa.

На растенијата во затворен простор ќе им биде тешко да ја толерираат сончевата светлина што сјае низ прозорецот по долга зима без интензивна сончева светлина, бидејќи тие станале почувствителни на силното УВ зрачење.

Може да се обидете да ги преместите чувствителните растенија во затворен простор на потемно место некое време или да навлечете завеси за да ги заштитите од сета светлина што доаѓа од прозорецот, препорачува Германската асоцијација за земјоделска индустрија (IVA).

Домашните растенија кои сакаат природна светлина, но не и директна сончева светлина се особено подложни на изгореници, вклучувајќи ги и растенијата кои имаат големи меки лисја.

Чувајте ги подалеку од директна сончева светлина во првите сончеви денови од пролетта, но не грижете се, тоа не значи дека ќе мора постојано да бидат под сенка.

Постепено изложувајте ги на сонце се подолго и подолго за постепено да се навикнат.

За неколку недели до толку ќе се навикнат на новата сезона што ќе можете да ги вратите на првобитното место, посочуваат од IVA.

И не треба да се грижите ако орхидеите или дифенбахиите изгубат неколку лисја на пролет.

Овие растенија, исто така, ќе бидат почувствителни на светлина по зимата, но би требало да имаат помалку проблеми да се прилагодат на зголемената сончева светлина. Слободно оставете ги на првобитното место, дури и ако им недостигаат неколку листови, посочуваат од IVA.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.