Има луѓе кои постојано привлекуваат погрешни луѓе, состојби или чувства и сето тоа го оправдуваат со – живот, судбина или сплет на околности.
Себе често се нарекуваат сурово реални (бидејќи за нив животот е токму таков) и тие што се смешкаат и не паничат околу ништо, се нарекуваат наивни луѓе со главата забиена во песок. Но, од кога тоа да се биде реален задолжително значи работите да се одвиваат во лош правец и дека тоа треба да се прифати како вистина?
Вистина е дека ако очекувате лошо, лошо и ќе ве најде. Па, дури иако се реални изгледите некоја ситуација да се разјасни во ваша корист и тогаш веројатно нешто ќе тргне погрешно како што не треба, пишува Б92.
Многу луѓе не се свесни за таквата негативна енергија. Таа многу добро се крие, делува како вродена и никогаш не се доведува во прашање. Пробајте преку одговорите на следниве прашања да го оцените нивото на негативната енергија која ја носите:
- Дали се жалите? Често или повремено?
- Дали често расправате за тоа што се во светот е лошо и тоа почесто од тоа што е добро во светот (лошо време, лоши услови за живот, ужасен сообрќаај, лоша власт, глупави закони…)?
- Дали критикувате? Кого ќе стигнете или само поединци?
- Дали ве следат драми и катастрофи (дали можете да се одлепите од телевизорот кога се емитува вест за некоја несреќа или распаѓање на семејство на некои познати личности?)- Дали обвинувате? Постојано или само во одредени ситуации?
- Дали верувате дека немате контрола над многу исходи во вашиот живот?
- Дали се чувствувате како жртва? Дали зборувате дека други ви направиле ова или она?
- Дали сте благодарни за животот кој сега го живеете или ќе бидете благодарни кога според вас, се ќе дојде на свое место?
- Дали чувствувате дека нешта ви се случуваат или мислите дека и вие учевствувате во тие настани?
Продолжува на страна 2