Д-р Ранко Рајовиќ – Дозволете детето да скока колку сака

103

СОВЕТИ на популарниот стручњак за образование

Овозможете му на детето да се врти колку сака, да скока на креветот додека не му здосади … Дури и ако падне, поголема штета ќе биде ако ја ограничувате неговата игра, бидејќи на тој начин го забавувате развојот на мозокот! Тоа се, меѓу другите, главните пораки на д-р Ранко Рајовиќ, членот на одборот на Mense International и претседателот на Mensinaта светска комисија за талентирани деца. Предавањето на овој специјалист од Нови Сад, кој е татко на четири деца, во само две недели на YouTube го виделе повеќе од 100.000 луѓе. Главната порака е дека родителите со правиот пристап можат да придонесат за развој на интелигенција, како и креативното и продуктивното размислување кај своите деца особено во периодот кој е најдинамичен во развојот на мозокот, а тоа е периодот до седмата година од животот. Го прашавме Рајовиќ на што тој ги темели своите ставови.

– Научно е докажано дека генетскиот потенцијал за интелигенција е во бројот на нервните клетки во мозокот и во бројот на врските (синапси) помеѓу невроните. Истражувањата докажуваат дека интелектуалните способности зависат токму од бројот на синапсите во мозокот, кои се формираат во зависност од различните стимули. Според некои експерти, до пет години се формира 50%, до седмата 75% и до дванаесет годишна возраст до 95 синапси.

Говорејќи на тема “Кои игри го попречуваат или оштетуваат развојот на децата, а за тоа да не сме свесни ” изнесовте прилично застрашувачки податок, а тоа е дека секое второ дете има развојно нарушување или когнитивни пречки.

– Со тестирање на примерок од над 2000 деца видовме навистина, дека скоро секое второ дете има развојни нарушувања, односно дека не може да изврши едноставни тестови, кои покажуваат дека има помалку синапси во одредени региони на нивниот мозок. Поточно, мозокот бара стимулација за развој, а во сегашниот начин на живот на детето, во кое е вклучено продолжено седење пред компјутер или телевизор, не може да го добие. Нашето истражување покажа дека повеќе од 50 проценти од децата имаат помалку развиена фината моторика, дека околу 40 проценти од нив има забававена акомодација на окото. Намалените способности предупредуваат и на намален број на синапсите во некои мозочни региони.

Како родителите “учествуваат” во тоа оштетување или, поточно, на недоволниот развој на мозокот кај своите деца?

– Пред сѐ, дозволувајќи им активности кои не се во согласност со еволуцијата и биологијата, особено во првите години од животот, што може да доведе до развојни нарушувања. Она што загрижува е тоа дека новите истражувања покажуваат дека децата со намалени аеробни активности (одење, трчање, пливање …) имаат промени во подлабоките структури на мозокот. Каде тоа ќе не доведе, никој не знае, дали децата ќе се приспособат на новите услови на живот или пак, за 10-20 години ќе се чудиме и прашуваме зошто не реагиравме на време … Затоа ние во МЕНС целата програмата ја нарековме “IQ на детето – грижа на родителите.”

Кои се опасностите на сегашниот стил на животот на развојот на мозокот на децата?

– Ако мозокот не добива импулси за развој, кој траеше милиони години, прашање е дали без вистинските импулси ќе знае да “си ја работи својата работа” така како што е предвидено генетски. Или можеби ќе направи некои грешки … Денес знаеме дека генетиката е важна, но ако мозокот нема добро стимулирање од околината, настанува штета која нема да се поправи подоцна. Треба да знаете дека клучната работа е генетиката, но и стимулацијата, односно работа со детето, всушност избегнување на штетни активности. Една од тие штетни активности е пасивноста, особено во развојот до пет годишна возраст, а знаеме дека и толку мали деца поминуваат премногу време играјќи видео игри или гледајќи телевизија. Човекот е физиолошки создаден да оди, па затоа е многу важно детето колку што е можно повеќе да биде во движење, затоа што само тогаш и развојот на мозокот ќе биде во согласност со физиологијата.

Што друго можеме да направиме во периодот од 3-6 години од животот на детето? Заради помошта на родителите, но и на наставниците, развивте и т.н. NTC систем на учење …

Продолжува на страна 2