Д-р Ранко Рајовиќ – Дозволете детето да скока колку сака

3031

– Постојат три фази на програмата: развој на мозокот, учење и развој на функционално размислување. Еве неколку предлози за тоа како родителите можат позитивно да влијаат на развојот на мозокот – детето кое сака да се врти треба да му се овозможи само по себе да избере колку време сака да потроши во горе наведената активност. Исто така, ако сака да скока од фотелја на каучот, треба да го оставиме тоа и да го прави, овозможувајќи му, се разбира, безбедна средина. NTC програмата во моментов се применува во 12 земји, вклучувајќи ја и Хрватска, во неколку детски градинки. Реакциите на програмата, односно повратните информации, се одлични – децата брзо напредуваат, како што може да се види кога ќе тргнат на училиште. Училишните психолози нѝ кажуваат дека децата кои работеле на NTC програмата се издвојуваат по способности, размислување, заклучување …

Има ли можности да се NTC систем на учење воведе во редовното образование во Хрватска?

– Програмата се воведува преку семинари, кои се вршат преку Менса на Хрватска, па се надеваме дека поголемиот дел од наставниците и обучувачите ќе ја применуваат во следните пет години во Хрватска. Во овој момент, NTC систем се применува во неколку градинки во Дубровник и Загреб (т.е. во Хрватски Лесковац), со сесрдна заложба на волонтери на хрватска Менса.

Дали е вистина дека децата кои се образуваат во Хрватска се пред нивните врсници во западните земји кога станува збор за стекнатите знаења? Каква е вистинската ситуација?

– PISA тест, односно Меѓународната програма за вреднување на постигнувањата на учениците во 2003 година, 2006 година и 2009 година. тоа за жал, не го покажа. Интересно е дека децата, не само од поранешна Југославија, туку и од цела Европа заостануваат значително зад своите врсници од Источна Азија. Една од претпоставките е дека причина за оваа е рана стимулација, која е вообичаена за децата од Источна Азија. Поточно, додека Европските деца почнуваат да ги учат буквите во петта или шеста година, а во Јапонија веќе во третата година, знаат повеќе од 100 букви, односно совладуваат две паралелни писма. Резултатите кои покажуваат дека децата од југоисточна Азија постигнуваат забележителни резултати во меѓународните тестови на знаење, доведуваат до заклучок дека нивните методи на рано учење на препознавање на симболите, односно класификација и асоцијативната меморија, навистина се стимулативни.

Постојат ли можеби податоци за бројот на надарени деца на подрачјето на поранешна Југославија?

– Секоја држава има околу два проценти потенцијално надарени, но од нив нема сите да ги развијат своите таленти, па реално надарени има околу 0,3 проценти од населението. Овие деца мора да ги “сочуваме”, што не треба да биде единствено грижа на родителите, туку и на градинките и училиштата, односно на целиот систем. Ова се разбира, полесно е да се рече, отколку да се спроведе, но Менса барем се обидува со NTC програмата. Со неа, повторувам, најнапред низ играта сакаме да ги отстраниме пречките кои го попречуваат процесот на учење за да подоцнежните достигнувања на децата бидат во согласност со нивните биолошки потенцијали.

Д-р Ранко Рајовиќ, член на одборот на Mensа International и претседател на Mensinaта светска комисија за талентирани деца

Извор: Слободна Далмација, Линда Периќ

Подготви Виолета Крстевска Васиќ

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk