Познати научници, по внимателно мерење, ја утврдиле просечната големина на пенисот и ги разнишаа митовите

517

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон ја истражиле големината на пенисот, на пример од 15.000 мажи и откриле што е всушност, “нормално”.

Со тоа, како што велат тие, сакале да одговорат на загриженоста на мажите околу таа ситница и да им помогнат на луѓето кои се борат со анксиозноста и депресијата поврзани со нивната способност во кревет, пренесува Independent.

Тие откриле дека просечната должина на опуштениот пенис е 9.16 центиметри, додека просекот за пенис во ерекција измерен 13,24 центиметри. Студијата е објавена во британскиот весник Journal of Urology International, а во тестирање вклучиле мажи од различни возрасти и раси. Мерењата ги извршиле медицинските експерти според “стандардна процедура”, се наведува во извештајот.

Носителот на студијата, д-р David Veale, од Институтот за психијатрија, психологија и невронска наука на спомнатиот колеџ, рече дека вредностите се прикажани графички во табелите:

“Ние веруваме дека со овие графи лекарите ќе успеат повеќето машки пациенти да ги убедат дека нивниот пенис е со нормална големина. Покрај тоа, резултатите ќе бидат искористени за да се истражуваат разлики помеѓу она што мажите веруваат и на фактичката состојба.”

Анализата ќе им помогне и на мажите кои одат на советување заради дисморфобија, нарушување кое подразбира преокупација со умислена мана или заблуда за физичкиот изглед или нарушување во перцепцијата на незначителен физички дефект, а д-р Martin Baggaley, директор на болницата во јужен Лондон, рече:

“Поради ова нарушување луѓе имаат сосема погрешна перцепција за своето тело и поминуваат неверојатно многу време грижејќи се за својот изглед. Овој проблем може да се врти околу тежината, одредени делови од телото или, кај мажите, големината на пенисот. Дисморфофобијата може да доминира со животот на човекот и да предизвика огромен стрес. Се надеваме дека оваа студија ќе им помогне во лекувањето на лицата со ова нарушување.”

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk