Повеќе од 75 учесници биле дел од студијата која ги тестирала честичките Ковид во воздухот со помош на комора, а испитаниците при тоа пееле песни.
Истражувачите од Универзитет Colorado State спровеле студија која открила повеќе за ширењето на коронавирусот меѓу мажите и жените. Студијата, велат истражувачите, покажала дека мажите шират честички на коронавирус почесто од жените, а студијата првенствено била спроведена за да им се овозможи на изведувачките уметности безбедно да се вратат на сцената среде пандемија.
Поради ограничувањата поврзани со пандемијата, односно спречување на ширење на инфекцијата, откажани се бројни културни настани, како и театарски претстави, концерти и други изведби во живо, па истражувачите побарале безбедносна епидемиолошка рамка за да им се овозможи на изведувачите да се вратат на своите работни места. Еден од истражувачите, директорот на Школата за музика, театар и танц во Colorado, Dan Goble изјави за CBS дека тоа е „национален проблем“.
Повеќе од 75 учесници било дел од студијата во која се тестирани честички од ковид (ситни честички во воздухот помали од 100 микрони) во воздухот со помош на комора, при што испитаниците пееле песни како “Happy Birthday” повторувајќи или изведувајќи песни со помош на инструменти.
Професорот на Катедрата за машинско инженерство, кој работел со Goble на студијата, John Volckens рекол дека „пеењето дефинитивно емитува повеќе честички отколку говорот“. Студијата покажала дека пеењето произведува 77 отсто повеќе аеросол отколку зборувањето.
Мажите произведуваат 34 отсто повеќе аеросоли од жените
Преку студијата, која била објавена во рецензираното списание Environmental Science and Technology Letters, Goble и Volckens откриле дополнителни информации за вирусот што не ги очекувале. Така, студијата покажала дека мажите произведуваат 34 отсто повеќе аеросол од жените и дека возрасните произведуваат 62 отсто повеќе аеросол од децата.
„Возрасните имаат тенденција да испуштаат повеќе честички отколку децата“, рече Volckens. „Причината зошто мажите имаат тенденција да испуштаат повеќе честички е тоа што имаат поголеми бели дробови“, рече тој, додавајќи дека коронавирусот се шири кај луѓето кои зборуваат погласно.
„Вашиот волумен е показател за тоа колку енергија вложувате во вашата рамка за говор. Таа енергија се претвора во повеќе честички што излегуваат од вашето тело. Тоа се честички кои го носат вирусот „Ковид-19“ и заразуваат други луѓе“, рече Volckens.
Според Volckens, баровите, спортските арени и местата за концерти може да бидат предмет на повисоко ниво на ширење на вирусот бидејќи посетителите зборуваат погласно, додека потивките места како што се балетските претстави ќе имаат помали шанси да го шират коронавирусот.