Тајните на тантричкиот секс

371

Самата филозофија на тантризмот претставува учење за тоа како негативниот наплив на енергија да се претвори во позитивен. Погрешно е мислењето дека тантричкиот секс подразбира слобода и неконтролирано искористување на либидото кај мажот и жената.

Тантричкиот секс е еден вид ритуал за кој треба претходно добро да се подготвите. Сите препораки за тоа сепак, варираат од епохата, областа и видот на тантричкото учење.

Партнерот мора во жената да види божица, а не обична партнерка. Во древните тантрички книги се вели дека идеалниот тантрички секс се одвива откако партнерите добро ќе се запознаат, ќе ја зацврстат љубовта, но физички се‘ уште нема да бидат споени. Се смета дека на тој начин се изоструваат сетилата кај партнерите, се прочистуваат нивните примарни нагони и се канализираат во возвишена енергија. Исто така препорачливо е да се знае дека за овој вид на секс морате да ги скршите сите табуа и да ги надминете сите забрани за да ја зајакнете сексуалната енергија.

Во древните времиња се сметало дека озогласените и слободни жени биле вистински императив за остварување на сексуална соеднитетост на тантрички начин.

Се смета дека постои само еден ден во месецот кој е идеален за тантрички секс. Во принцип, тоа се петтиот, осмиот или петнаесетитиот ден од престанокот на менструалниот циклус кај жената.

Се препорачува жената претходно долго да се бања и да се намачка со некое етерично масло по целото тело.
За да ги разбудите сетилата, а особено сексуалните чакри, изберете ориентален парфем: јасмин, мускат или шафран.
Се препорачува пред самиот сексаулен чин двајцата партнери да изедат парче месо, може и риба, печени житарки и вино.

Интересно е што во тантричкиот секс, доминантната улога во сексуалната игра ја превзема жената. Мажот, треба да е скоро физички неподвижен, но фокусиран и со полна концентрација. Жената има обврска да ги разбуди сетилата на партнерот.

Основната тантричка поза мора да ја превземе жената со својата активна улога. Идеално е кога мажот завзема класична јога-поза, со исправен грб и гради , а жената го обвиткува со своите нозе, формирајќи лотос и се држи за неговите раменици. Оваа поза за западниот човек е комплицирана и ретко се практикува, поради тоа што бара еластичност на телата. Доколку немате доволно физичка енергија, испробајте со класична поза кога жената е горе подигната на мажот кој лежи. Во основа, и двете пози овозможуваат апсолутна иницијатива од страна на партнерката, која е неопходна за да се одвива процесот.

Најпознатата метода која се користи за тантричкиот секс е стегањето на вагината и грлото на матката со кое се стега и пенисот на парнерот. Тоа можете да го помогнете и со притискање на раката на коренот на пенисот.

И двајцата парнери мораат да го контролираат дишењето, вдишувањето треба да биде се‘ подолго и подолго.

Во суштина, односите на тантричкиот секс се засниваат на хармонична комплементарност.Ова учење се противи, пред се‘, на рамнодушноста, отсуството на реакција, површното блаженство кое ги израмнуваат луѓето со животните, а се залага за страст, желба за живот со кое обично се одликуваат љубовниците кои се во состојба да го изведат ова древно искуство. Според старите тантрички филозофи, вистинското блаженство на сексуалното соединување ќе го доживеете само ако имате способност вистински да се одушевувате.

(преземено од книгата Тантризам од Жан Мишел Варен)