Што ја предизвикува болката по вакцинацијата против грип?

367

Ако некогаш сте биле вакцинирани против грип, можеби сте почувствувале болка во надлактицата ден-два подоцна. Ова е она што најмногу ги загрижува луѓето, па затоа честопати прашуваат дали е вообичаена реакција.

Имунолозите велат дека ова е всушност знак дека вакцината работи и дека нема простор за паника.

Вакцината против грип содржи протеини од површината на вирусот на грип кои го стимулираат имунитетот да произведува заштитни протеини – антитела.

Кога сте во контакт со вистински вирус, претходно креираната заштита ќе спречи понатамошна активност на вирусот. Во основа, вакцината го става телото во состојба на подготвеност и му обезбедува побрза и поефикасна борба против инфекции и болести.

Во процесот на борба против неактивниот вирус на грип воведен од вакцината, имунолошкиот систем ослободува медијатори како хистамин, што предизвикува воспаление.

Во случај на инфекција, воспалението е важно затоа што му помага на телото да се бори против болеста. Но, тоа е исто така она што предизвикува болка.

Вакцината против грип обично се инјектира во надлактицата, поради што раниот имунолошки одговор и секоја болка е локализиран токму на тоа место.

Околу едно од пет лица има болна реакција на оваа вакцина, изјави имунологот Ричард Цимерман за „Popular Science“.

Ако сте чувствителни на болка, постојат неколку начини да ја ослободите.

Д-р Хуанита Мора од американската фондација за здравјето на белите дробови препорачува ладење на местото каде што е инјектирана вакцината за да се намали црвенилото и отокот и додава:

Исто така е важно да се движи раката по приемот на вакцината за да не се концентрира на едно место.