Осаменоста го оптоварува имунолошкиот систем слично како и  хроничниот стрес

1701

Резултатите се темелат на серија истражувања спроведени на две популации: првата беше група на здрави, иако со прекумерна тежина, средовечни возрасни, а другата беше група на луѓе кои преживеале рак на дојка. Истражувачите во сите истражувања за мерење на степенот на осаменоста користеле UCLA –нска скала на осаменост, прашалник кој ги проценува перцепциите на социјалната изолација и осаменост. Јаремка ги  презентираше истражувањата на годишниот состанок на Здружението за личноста и социјалната психологија (Engl. Society for Personality and Social Psychology) во Њу Орлеанс.

Истражувачите првенствено настојувале да добијат слика на однесувањето на  имунолошкиот систем поврзан со самотијата, така што ја мереле количината на антитела во крвта, кои се произведени кога е активиран  херпес вирусот. Учесниците беа луѓе кои завршиле лекување во период од два месеци до три години пред почетокот на истражувањето. Учествуваа 200 лица, со просечна возраст од 51 година. Нивната крв беше анализирана во присуството на антитела против Епштајн – Барр вирусот и цитомегаловирус (двата вируси се причинители за мононуклеоза).

Двата вируси се херпес вируси, кои ги заразуваат поголемиот дел од Американците. Околу половина од инфекциите не преминува во  болест, но кога е едно лице заразено, вирусот останува прикриен во телото и може да се реактивира – што предизвикува зголемено ниво на антитела. Повторно, често нема симптоми, но укажува на проблеми во регулирањето во клетките  на имунолошкиот систем.