Се карате како куче и маче со партнерот? Потоа се зграпчувате, милувате страсно и имате најдобар секс!
Не сте само вие – многу парови реагираат насилно на конфликтни ситуации. Во нерамнотежа со хормоните експлозијата може понекогаш да стане катастрофална.
Други парови пак како да не горат, туку тлеат во односите.
Научниците од Универзитетот во Илиноис спроведоа неодамнешна студија на 276 парови во средината на 20-те години. Резултатите покажале дека можат да се разликуваат 4 вида парови според начинот на развој на односите.
Драматични парови

Истражувачите веруваат дека драматичните парови се оние кои се под влијание главно од негативните искуства и зборови изречени од партнерот. Овој тип на парови имаат многу чести подеми и падови. Нивните односи се комплексни. Постојано едниот партнер се лути за нешто и го тера другиот да чувствува вина.
Потоа улогите се менуваат. Акцентот секогаш се става на негативниот настан од заедничкиот живот. Тие дури имаат тенденција да донесуваат одлуки базирани исклучиво на негативното.
Конфликтни паровиe

Конфликтните парови се секогаш оган и сулфур. Тие можат да запалат фитил за кратко време, да избувнат, понекогаш дури и повеќе од дозволеното, а потоа да подлегнат на страста.
Овие врски не траат долго според експертите. Партнери со сличен темперамент брзо губат интерес. Тие не се чувствуваат среќни. Се разделуваат постојано, а потоа се смируваат повторно додека не си нанесат нови рани.
Се разбира, експертите сметаат дека луѓето се менуваат со годините. Заедно со нивната сопствена промена се менува и односот кон партнерот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















