Необични факти за клиторисот – единствениот орган создаден исклучиво за задоволство

1121

Дури ни самите жени не ги знаат сите тајни на својот клиторис, а за мажите и да не зборуваме. Со оглед на тоа што клиторисот е најважен за женското задоволство, запознајте се со сите детали поврзани со него.

Клиторисот, светиот грал на женската сексуалност, се` уште е непознат. Тој исклучително чувствителен дел од женскиот полов орган е одговорен за повеќе од 90 отсто од женските оргазми.

Еве неколку интересни факти за клиторисот!

Зборот „клиторис“ потекнува од грчкиот јазик и во превод значи „мал рид“.

Клиторисот и пенисот се исти – клиторисот е направен од истото еректилно ткиво како и пенисот, а и по формата е сличен на пенисот бидејќи има мал врв со сопствена кожичка.

Просечниот клиторис е голем како пенис кој не е во ерекција. Најголемиот дел од клиторисот е всушност невидлив бидејќи е скриен под површината.

Една од најфасцинантните тајни на клиторисот е да има двојно повеќе нервни завршетоци отколку пенисот.

Клиторисот има клучна улога во женскиот оргазам. Зошто? Затоа што повеќето жени доживуваат оргазам благодарение токму на него. Многу помал број на жени успеваат да доживеат оргазам вагинално.

Сакате брзо да ја „запалите“ жената? Посветете се на клиторисот. Повеќето жени доживуваат оргазам лесно, брзо и едноставно кога им се допира клиторисот.

Клиторисот пулсира и го менува обликот пред оргазмот.

Клиторичниот оргазам трае подолго од машкиот оргазам.

Клиторисот е единствениот дел од женскиот полов орган кој нема никаква репродуктивна функција.

Клиторисот е единствениот човечки орган кој е создаден исклучиво за задоволство.