Мачките се едни од најсовршените миленици во секој можен поглед, особено поради тоа што знаат да бидат емпатични.
На многумина можеби ќе им биде чудно тоа, бидејќи мачките најчесто се асоцираат со лицемерие и подмолност. Но, сопствениците на мачки тврдат сосема поинаку. Според нив, овие животни се способни да ги утешат кога се тажни или да бидат покрај нив кога се болни.
Универзитетот Нотингем Трент спровел истражување врз 3330 мачки и нивни сопственици за да ја докаже оваа теорија. Се покажало дека во најголем број случаи и мачките го рефлектираат расположението на сопствениците, но се случува и обратното.
Имено, мачките кои биле чувани од тажни, депресивни и меланхолични сопственици, иако им влијаеле позитивно и самите ги попримале ваквите карактеристики. Од друга страна, слично се случува и кај расположените и среќни луѓе, кои чувале темпераментни и непредвидливи мачки.
Овие резултати се засноваат на описите кои сопствениците ги дале за своите миленици, но се покажало дека речиси сите опишале карактер на мачка кој е еквивалентен на карактерот на самиот сопственик.