30% од жените никогаш не доживеале спонтана сексуална желба

248

Кај жените се случува поретко спонтана желба за секс, нешто карактеристично за претставниците на посилниот пол.

Сексуалната терапевтка Емили Нагоски објасни дека жените доживуваат сексуално привлекување како одговор на постепено уживање, а не како “ненадејна молња кон гениталиите”, како кај мажите. Либидото на жените често се задушува од стресни мисли, вклучувајќи ризик од забременување, страв децата да не се вратат порано стравување дека доцнат за работа или не изгледаат доволно добро во тој момент.

Нагоски која е автор на книга за женската желба објаснува пред “Њујорк тајмс” дека кај дамите сексуалниот апетит не е нешто што се појавува спонтано, одеднаш од никаде. Според статистиката 30% од жените ретко или никогаш не доживеале ненадејна плима на страст.

Според експертката желбата на жените се појавува во очекување на задоволство.

“Сексуалните импулси на жените се контролираат од акцелератори и сопирачки кои работат еден против друг, што значи дека една жена може никогаш да не осети што е силно физичко привлекување кон некого. А тоа до голем степен се должи на начинот на кој работи женскиот мозок“, објасни психологот.

Таа уверува дека жените кои мислат дека имаат ниско либидо дека се целосно нормални и ги повика дамите “да изградат имунитет” кон стресни мисли кои го спречуваат нивниот мозок да се отпушти.