Страшното пророштво на Поните „Народот на волците“! Ова ќе биде почеток на крајот 

132

Индијанците Пони, познати меѓу Индијанците како „народот на волците“, биле познати како одлични коњаници и ловци на биволи, а една од најважните карактеристики на племето биле неверојатно точните предвидувања за иднината.

Ова бројно племе всушност претставувало конфедерација од четири племиња на територијата на денешна Небраска, пред да го напуштат својот дом на предците и да заминат во резерватот во Оклахома.

Познато е дека тие постојано ги предупредувале доселениците за претстојните настани. Иако на почетокот не верувале, колонистите подоцна се увериле во моќта на пророштвото на староседелците, бидејќи се остварило скоро сè што предвиделе.

Наследниците на Пони, кои сега живеат во резерватот во Оклахома од минатиот век, предупредиле дека нивните предци пренеле застрашувачко пророштво за последните денови на човештвото.

Според нив, во еден момент, Месечината ќе стане црвена, што ќе го објави крајот на светот. После тоа, Северната ѕвезда ќе се движи, исто како и Земјата, што доведува до заклучок дека планетарната оска ќе се помести.

Тогаш луѓето ќе видат многу метеорити и игра на бои на сонцето на небото. Непознат мистериозен сигнал ќе пристигне од Север. Илјадници sвезди ќе почнат да паѓаат на Земјата и тој ден ќе биде почеток на крајот на историјата на човештвото и животот на нашата планета, се вели во пророштвото.