Тајните на успешниот брак

1865

Брачните сопружници, пред се‘, треба да ги уважуваат туѓите навики и вкусови и да се потрудат да ги прифатат без критика, притоа да не се ставаат самите себеси како пример

Сакате ли да читате во кревет? Тогаш, помирете се со тоа дека вашиот сопруг ужива во следењето на фудбалските натпревари.

Ако вашиот маж сака да оди во недела на лов на риба и тоа значи дека вие тоа време никогаш не можете да се прошетате заедно, како вашите соседи, не го претварајте тоа во трагедија. Во тој случај побарајте да ви се посвети во сабота навечер. Секогаш треба да очекувате исклучоци во однесувањето на брачниот другар, ако и самите така се однесувате. Но, исто така, ништо нема полошо од тоа самите себа да се претворите во жртва. Тоа чувство се таложи, и порано или подоцна, ќе доведе до експлозија и до пореметување на брачниот склад.

Брачните партнери никогаш не смеат да го игнорираат хобито на другиот, да ги коментираат пријателите на сопругот/сопругата, и да покажуваат непријателство кон нив, да повишуваат тон, еден од нив да пуши во присуство на другиот кој е непушач, да уклучува телевизија или радио во неприкладно време од денот или ноќта.

Никој од нив не смее да остава неред позади себе, треба тивко да ги затвора вратите, да ги брише чевлите пред да влезе дома и да му подари бакнеж на брачниот партнер пред да замине на работа.

Забрането е да ги читате писмата на вашиот сопруг или сопруга. Тоа може многу да ги навреди и да ја изгубите нивната доверба во вас. Секогаш треба да го известите партнерот доколку ви стигнало заедничко писмо од некој роднина или познаник.

Не заборавајте да го пофалите ручекот на сопругата и да и‘ за заблагодарите за тоа секојпат кога ќе седнете на маса. Никогаш не станувајте ако таа се‘ уште јаде.

Многумина сметаат дека нежноста кон споругата претставува предзнак за матријархат, па најчесто се случува парадоксална ситуација; мажот е стопати пољубезен со сите други жени отколку со својата. Меѓутоа, не заборавајте, вистинскиот маж се препознава по тоа колку тој ги уважува неговите најблиски. Истовремено, неговото почитување спрема жената е прашање на неговото самопочитување, затоа што таа е сепак, неговата „половина“.

Продолжува на страна 2