Тајните на успешниот брак

1865

Мажот мора да внимава да ги стекне следните навики:

– да и‘ го придржи капутот, како дома, така и на јавно место
– да не чита на маса додека јаде
– понекогаш да и‘ ја бакне раката на жената
– на прослава, првиот танц мора да го игра со неа
– задолжително да го пофали нејзиниот нов фустан, и воопшто, да и‘ дели комплименти
– секогаш на вратата жената треба да ја пропушта прва
– да и‘ купува ситни подароци без причина, повремено да и‘ купи букет цвеќе
– во нејзино присиство да не се врти по други жени
– во никој случај да не го користи следниот аргумент: „Јас заработувам и затоа сакам…“
– доколку излегува во неработно време, да и‘ каже на сопругата каде оди и кога ќе се врати
– понекогаш да се интересира што правела таа додека тој не бил дома
– воопшто, да разговара со жената, да не се ограничува само на „службени“ разговори

Еве неколку тактични совети и за жените:

– кога купува фустан, секогаш да го има предвид вкусот на споругот, не само на пријателките
– често да го спрема јадењето кое го сака нејзиниот сопруг
– да не ги користи неговите „свети“ предмети: да не го зема без прашање неговиот брич, да не ја средува неговата фиока, да не копа во неговата ташна
– да не ги слуша намрштено неговите приказни во друштвото, иако за неа одамна се познати
– да не го критикува сопругот пред децата
– во никој случај да не се обидува да го контролира, тоа е особено навредливо за блиските луѓе
– да не негодува против неговата поврзаност со мајката
– понекогаш да му упати комплимет со тоа што ќе послуша негов совет
– да не прифаќа гости кои него му се непријатни и да не одговара на повици од , за него, не толку драги луѓе
– жените кои се втор пат во брак, не смеат гласно да коментираат некои добри особини што ги имал првиот маж.