Мапа на ерогени зони – како најлесно да откриете што ви дава задоволство

2675

И запомнете дека вашата мапа на ерогените зони не е статична, туку е динамична. Таа се менува како што се менувате и вие, се менува, исто како што се менува вашиот однос со вашиот партнер.

Една млада клиентка го коментираше разговорот со своите пријателки. Таа се смееше и ми раскажа дека зборувале за ерогените зони и се прашувале дали се “нормални” или не? Две од нив раскажувале дека не ги возбудуваат допири по “класичните” ерогени зони, туку се возбудуваат од допири по некои “чудни” делови од телото.

Таа рече дека една од нејзините пријателки ја возбудуваат допири по прстите на нозете, особено кога нејзиниот партнер ќе ги стави прстите во уста. Другата рече дека најмноги ѝ годи партнерот да ја допира по грбот, со широки движења.

Ниту една од нив не почувствувала дека нејзината ерогена зона е вулвата, а сметаат дека треба да биде така. Мојата клиентка им ветила дека ќе го праша својот терапевт да ѝ каже дали тоа е “нормално” или не?

Related image

Сопствената мапа на ерогени зони важно е да му се претстави на својот партнер

Важно е да сте задоволни

Ѝ реков дека е најважно да ѝ е убаво и угодно, па каков и да дел од телото се допира. Верувам дека тоа е златно правило – да се запознае своето тело и да се направи своја мапа на ерогени (или како и да ги наречеме) зони, кои ќе обезбедат задоволство и уживање.

За оние кои сакаат дефиниции, еве дефиниција за ерогени зони: “Дел од телото кој со стимулација побудува еротска желба … Може да вклучува и специјални сетила кои предизвикуваат сексуална возбуда”

Се разбира, со внимателно читање на оваа дефиниција, немаме точна информација лоцирана на одредени делови од телото, бидејќи, всушност, секој дел од телото под одредени околности може сексуално да се возбуди.

Американскиот сексуален терапевт Marty Klein, вели, дека поимот “ерогена зона”застарел и дека е ограничен, а нашата култура постојано се обидува со негова помош да го одвои сексот од остатокот од животот. Вели дека размислувањето за ерогените зони, секој од нас го дели на две различни тела – сексуално и “она другото”, а со тоа нè ограничува и збунува во доживувањето на единственоста и сексуалноста на целокупното наше битие.

Можеби читајќи за ерогените зони сте се сретнале со поделбата на основни и секундарни ерогени зони. Под примарна ерогена зона се сметаат гениталиите, а под секундарна другите делови од телото, како што се усните, градите, вратот. Исто така, постојат и “скриени” ерогени зони. Без оглед на дефинициите и поделбите, без оглед на тоа дали ве возбудува допирањето на делови од телото, онака како што е напишано во некое упатство или токму спротивно, допирите на тој дел од телото ви создава нетрпение и ви пречи, можете да бидете мирни, бидејќи тоа што вас ве возбудува или не ве возбудува е дел од вашата персонална мапа на ерогени зони и таа важи за вас, но не мора да важи за ниту едно друго лице.

Продолжува на страна 2