
Кога сме возбудени, нашите тела често уживаат во поинтензивен и посилен допир отколку кога не сме возбудени
Мапа на ерогени зони
Вашата мапа на ерогени области важно е да ја претставите на вашиот партнер. Начинот на кој ќе го направите тоа, ваш е избор. Можеби во сензуална игра ќе шепнете што сакате и каде сакате да ве допире; може да биде поприфатливо да ги ставите неговите/нејзините раце на местата каде што сакате да ве допира … или на некој трет начин. Сеедно. Важно е да уживате во меѓусебните допири.
Можеби ќе сакате заедно да создадете мапа на ерогени зони, истражувајќи ги областите на вашите тела заедно. Еве една вежба која може да ви помогне да создадете своја мапа ерогени зони: Вежбата е најдобро да се прави во време кога не сте премногу уморни, бидејќи заморот може да биде дистрактор и да оневозможи посилно чувство. Вежбата правете ја во топла соба. Ако сакате, можете да вклучите некоја лесна музика во позадина, бидејќи и одредена музика може да ја зголеми возбудата.
Дишете длабоко и отворете ги сетилата. Едно од вас ќе легне, а другиот ќе се пушти во истражување (по некое време заменете ги улогите). Редоследот на допирање го одредува секој пар за себе, но овие делови не треба да ги прескокнете (тоа се оние, претходно споменатите скриени ерогени зони): стапала, колената одзади, внатрешен дел на препоните, перинеумот, задникот, грбот, долниот дел на стомакот, рамената, дланките и рачниот зглоб, надворешниот раб на дланката, прстите и зглобовите меѓу прстите, ушните ресички, косата и влакната. Вклучете ја имагинацијата, и ќе најдете и други делови од телото кои ќе бидат значајни на вашата мапа на ерогени зони.
Кога сме возбудени нашите тела често сакаат поинтензивен и посилен допир од оној кога не сме толку возбудени, па бидете мудри во градацијата надопирите.
Истражувањата треба да започнат внимателно и нежно, а потоа додека расте возбудата, допирите можете да ги интензивирате и зголемите.
Добро е да се истражуваат видовите и јачината на допирањето, бидејќи и начинот на кој пристапуваме кон ерогената зона може да направи таа област да предизвика повеќе уживање.

Дишете длабоко и отворете ги сетилата
Продолжува на страна 3


















