Американска анкета покажа дека сексот е најдобар на 60 години, објави “Мејл он сандеј”.
За небврзаните мажи и жени сексот е најдобара на оваа возраст, бидејќи луѓето веќе имаат искуство, знаат што сакаат и се ослободени да ги истражуваат димензиите на сексуалноста, објасни секстерапевтот д-р Мадлен Кастеланос.
Жените најмногу се среќни со својот сексуален живот на возраст од 66 години, а мажи на 64 години.
“Со годините човек знае што сака физички – додаде д-р Кастеланос. Колку постар, толку помалку си ограничен од тоа што мислат другите, што мисли општеството и што мисли партнерот”.
Истражувањето “Необврзаните во Америка” опфати 5.000 луѓе. Претходните истражувања исто открија дека сексот се подобрува со возраста, како и тоаа луѓето на 60 и 70 години се забавуваат подобро меѓу чаршафите.