Околу 8,5 проценти од децата заболени од рак имаат мутации на генот кој го зголемува ризикот за развој на карцином, објавија американските научници.
Во истражувањето спроведено на Универзитетот во Вашингтон анализирани се примероците на тумор и здраво ткиво земени од 1.120 деца заболени од рак.
Повеќе од половина од децата кои имале мутации на генот поврзан со рак бил од семејства во кои порано немало случаи на таа подмукла болест.
Порано се верувало дека вакви мутации се исклучително ретки и дека се јавуваат само кај деца во чии семејства веќе имало случаи на заболени од рак.