По којзнае кој пат се фаќате за глаа, бидејќи и овој пат ја уништивте омилената маица во машината за перење? Не тагувајте, постои решение
Безброј пати сте помислиле дека штетата е непоправлива кога вам во текот на машинското перење некое парче облека ви се “собере“?
Не грижете се, постои решение и за овој проблем. Методата која ќе ви ги спаси омилените парчиња облека кои сте ги уништиле е следна:
Чекор 1
Во млака вода со шампон за бебиња потопете ја облеката. Влакната во ткаенината на тој начин ќе се опуштат
Чекор 2
Извадете ја облеката од водата и без плакнење исцедете ја
Чекор 3
На гомел пешкир ставете ја облеката како кога пеглате
Чекор 4
Замотајте ја во внатрешноста на пешкирот и оставете ја неколку минути за ткаенината да ја впие водата. Облеката мора да остане влажна, но не и мокра
Чекор 5
Ставете ја облеката на нов, сув пешкир, а потоа почнете нежно да ја растегнувате, рамномерно на сите страни
Чекор 6
Кога облеката ќе се врати на првобитната големина, можете да престанете со тегнење и да ја оставите на природен начин да се исуши
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.