Оваа храна е пријател на вашите заби

103

За да имате здрави заби, не е доволно само да ги миете по два пати на ден и да користите конец по секој оброк.

Секојдневната грижа за усната хигиена се базира и на храната што ја јадеме. Треба да бидете многу внимателни за тоа со што се храните, ако сакате да имате убава насмевка.

Некои видови на храна и пијалаци се штетни за забите – како газираните пијалоци и џвакањето бонбони, на пример. Тие можат да ја предизвикаат акумулацијата на плакетата и развојот на кариес.

За среќа, постојат и вкусни јадења, кои пак влијаат позитивно на вашата насмевка и кои може да ги конзумирате со чиста совест, што се однесува до здравјето на вашите заби. Еве ги и нив:

1. Јајца

Тие се едни од многуте видови храна, кои имаат висока содржина на фосфор – минерал кој помага за формирање на коските и забите. Важно е да додадете јајцата кон својот прехранбен план, бидејќи тие можат да го обноват вашиот емајл. Општо земено конзумирањето на храна со висока концентрација на фосфор може да заштити или барем да го намали уништувањето на вашите заби.

2. Сирење Чедар

Оваа храна го менува нивото на pH во устата. По конзумирање на кисела храна во текот на целиот ден, вие имате потреба од нешто со што ќе се отстрани целата киселинска плакета од површината на забите. Чедар сирењето може да биде вашето спасение, бидејќи тоа има висока содржина на казеин, кој помага за зајакнување на забите. Исто така овој вид сирење се поврзува со својството да неутрализира киселини, како и други тешки корозивни материи.Откако ќе каснете портокал, на пример, јадете малку Чедар сирење, за да го израмните нивото на киселост во устата.

Продолжува на страна 2