Среќата, всушност, може да се купи со пари

122

Секој ја има слушнато познатата поговорка дека среќата не се купува со пари. Научниците од Универзитетот во Кембриџ, сепак можеби успеаја да го докажат спротивното.

Во последното истражување тие утврдиле дека луѓето кои трошат пари за производи кои ја изразуваат нивната индивидуалност, се посреќни од другите, пишува британскиот весник “Индипендент”.

Истражувањето, за кое се испитувале 77 000 трансакции на 625 волонтери ги одредува трошењата во различни категории, одредени врз основа на т.н. “Големи пет” личносни карактеристики – отвореност кон нови искуства, совесност, екстровертност, љубезност и невротизам. На пример трошоците за јадење во ресторан се вбројуваат во графата на екстровертна и импулсивна личност, додека трошоците за миленичиња спаѓаат во категоријата на љубезните.

Откако ги класифицирале, научниците ги споредувале трошоците со карактерите на учесниците. Така тие утврдиле дека луѓето кои трошат повеќе пари за работи кои одговараат на нивната личност, се посреќни.

Џо Гладстоун, еден од авторите на студијата, вели дека трошењето на парите навистина може да ја зголеми среќата кога тоа е за стоки и услуги кои го исполнуваат нашиот карактер и така се задоволуваат нашите психолошки потреби.

Сандра Матц о Универзитетот во Кембриџ, која исто така учествува во студијата, додава дека давањето на пари за производи може да се покаже како навистина важно.

“Нашите откритија сугерираат дека трошењето на пари за производи кои помагаат да се изразиме себеси како личности, може да се покаже исто толку важно за нашата среќа како тоа да се најде вистинската работа, вистинското место за живот или дури вистинскиот партнер и пријатели”, вели таа.