Оваа храна е пријател на вашите заби

1825

3. Боровинки

Свежите боровинки помагаат за намалување на ризикот од кариес и пародонтална болест. Боровинката содржи соединенија наречени полифеноли. Тие помагаат за потиснување на акумулацијата на плакетата и формирање на кариес.

4. Круши

Овој плод може да биде совршено средство за нега на усната шуплина. Крушите се доста подобар и поразумен избор, во споредба со јаболката и бананите. Зошто? Како и останатата храна погоре, крушите се борат со киселоста и ја спречуваат појавата на кариес. Покрај тоа, овие плодови го стимулираат лачењето на повеќе плунка, што е одличен начин да се измијат бактериите од забите. Колку повеќе плунка произведувате во устата, толку помалку проблеми ќе имате со микробите.

5. Моркови

Крцкавите моркови се одличен начин да се ослободите од упорниот плак. Кога џвакате цврста храна, таа се брише во површината на вашите заби и на тој начин целосно природно ги чистите. Секој крцкав зеленчук би завршил одлична работа, исто како морковот. Може да го пробате “забното чистење” уште со помош на целер, краставици и јаболка.