Храна која предизвикува воспаление

1158

Постојат многу видови храна кои ги сметате за корисни, а тие всушност не се такви.

Овие храни се обработуваат, рафинираат, разредуваат, засладуваат, солат или кажано на друг начин – се променуваат. Токму овие промени докажуваат дека многу производи не се всушност вистинската храна.

Нивните состојки се преработуваат, за да се создаде еден подолг рок на траење.

За жал на овој начин се уништуваат корисните антиинфламаторни компоненти на храната и вие како клиенти останувате заблудени. За да може да се заштитите од воспаленија сепак, убаво е да знаете за која храна треба да внимавате. Еве ја и неа:

Млечни производи

Млекото е создадено од природата, за да може телата на бебињата да растат побрзо. Затоа постарите луѓе не треба да пијат млеко и дури и спротивно на популарното верување и мноштвото реклами, цврстината на коските не доаѓа од внесот на млеко и млечни производи, туку од растителната храна, пишува Womans Health. Всушност млечните производи се силно воспалителни за многу луѓе и колку попреработени се тие, толку поопасни за здравјето стануваат.

Шеќер

Шеќерната индустрија се обидува да ни ја претстави идејата дека шеќерот е всушност нешто корисно, бидејќи доаѓа од шеќерната трска. Ова сепак не е точно, бидејќи сите клетки на шеќерната трска се отстрануваат за време на процесот на рафинирање. За жал, и вештачките засладувачи имаат свои недостатоци – за нив се смета дека предизвикуваат многу болести, како и дека ја зголемуваат тежината.

Рафинирани житарици

Тие треба да се избегнуваат заедно со слатката детска храна. Ограничете ја потрошувачката на тестенини до еднаш неделно, за да избегнете рафинирани житни култури во бел леб и пицата, на пример.

Голем дел од месото

Повеќето месо доаѓа од места каде што животните се одгледуваат на многу лош начин. Тие се хранат со одредена храна, за да растат побрзо пример, како и водат многу нездрав живот во целина – затворени во мали ќелии и простори. Освен тоа на животните им се даваат антибиотици, хормони и други лекови. Затоа, кога консумирате месо од животни кои се одгледуваат на овој начин, вие го трупате организмот и го предиспонирате кон болести. Во преработените меса исто така се содржат конзерванси, бои и вештачки ароматизатори. Најдобро потпрете се на биомесото што може и да е поскапо, но пак неговиот квалитет вреди.

Тропски плодови

Со нив треба да внимаваат луѓето болни од дијабетес, бидејќи обично тропските овошја имаат повисока содржина на фруктоза. Во случај дека имате дијабетес, треба да го ограничите внесот на овошје како банани, портокали, манго, папаја и ананас до еднаш неделно. Тропските овошја се богати со многу корисни хранливи материи кои сепак можат да се најдат и во многу други овошја и зеленчук.