За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

335

Почитуван,

Ви се обраќам како носител на јавна функција, лице кое не застапува нас, граѓаните на оваа држава, со цел да Ве запознаам со одредени неправилности и штети кои им се нанесуваат на истите од страна на медицинските власти преку непочитување и кршење на законите кои Собранието ги носи. Чисто за илустрација, ќе набројам неколку од нив.

Прво, Министерот за здравство прогласи епидемија на морбили на територија на град Скопје со документ за проглас на епидемијата што не може да се пронајде во службите одговорни за тоа, иако родителите и адвокатот кој ги застапува во повеќе наврати во минатите месеци се обидуваа да го добијат.

Второ, Државниот санитарен и здравствен инспекторат испрати допис по градинките каде наредува невакцинираните деца да бидат одстранети од градинките, како мерка за сузбивање на епидемијата иако таква мерка не е пропишана со ниту еден закон.

Трето, се направи голем и ненадоместлив пропуст по болниците и клиниките кои во време на епидемија не спроведоа законски задолжителен карантин туку се дозволи заразени и хронично болни деца да лежат во иста соба и со тоа го доведе животот на тие деца во опасност. Карантинот е основна мерка во време на епидемија. Дали ќе одговара некој за нејзиното неспроведување и за сите трудници и мали деца кои се заразија во ходниците на здравствениот систем неспособен да ги заштити.

Четврто, се спроведува теренска вакцинација по училиштата иако вакцините смеат да се аплицираат само во здравствени установи, бидејќи само таму има услови за спречување на последиците од потешките несакани ефекти од вакцините како што е анафилактичниот шок, што е наведено во упатството на вакцината(15). Нашата држава нема опрема за спроведување на теренска вакцинација, на пример нема соодвени фрижидери со дата мерачи кои гарантираат дека вакцините се правилно чувани и транспортирани како биолошки заразен материјал.

Продолжува на страна 2