За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

914

Уставот како највисок државен документ во член 118 одредил дека „Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.“

Информираната согласност и човечкото достоинство во медицината се вградени во повеќе македонски закони:

  • Закон за заштита на правата на пациентите (Сл. Весник на РМ бр. 82/08, 12/09 и 53/11),
  • Закон за ментално здравје (Службен весник на РМ бр.71/06 и 150/15),
  • Закон за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување (Службен весник на РМ бр. 47/11, 91/11,136/11, 164/13, 27/14, 112/14, 144/14, 124/15, 149/15 и 37/16 ),
  • Конвенција за правата на детето (“Convention of the Rights of the Child” усвоена на генералното собрание на Обединетите нации со резолуција 44/25 од 20 ноември 1989), како и Универзалната декларација за правата на човекот

Усвоена и прокламирана од Генералното Собрание на ОН со резолуција 217А(III) на 10 декември 1948.

Од се погоре кажано, можеме да заклучиме дека неетичност и нехуманост во медицината имало во тек на целата човекова историја се до денес, иако оваа материја е јасно регулирана веќе 70 години, со повеќе кодекси, конвенции, декларации и закони. Непочитувањето на овие законски права на пациентите секогаш било и ќе биде оправдувано со некои повисоки цели и интереси на општеството.

Па така и нашиот Уставен суд на иницијативата на родителите во 2014 година, за промена на член 33 од Законот за заштита на населението од заразни болести, каде вакцинирањето од задолжително би станало препорачано, не се водеше од принципите на меѓународно ратификуваните конвенции каде е наведено дека интересите и добросостојбата на човечкото суштество треба да преовладуваат во однос на единствениот интерес на општеството или науката, туку напротив, во своето образложение на одбивањето да ја разгледа иницијативата наведе дека интересот на општеството треба да преовладува над интересот на поединецот/детето (повисока цел).

Уставниот суд во своето решение бр. 30/2014-0-0 наведува:

Продолжува на страна 8