За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

914

Дали Уставниот суд со своето решение ни порачува на нас, родителите, дека последиците од вакцините по нашите деца се пресметан ризик, кој ризик сме присилени да го прифатиме заради благосостојбата на општеството? Јас како човек, мајка и свесно битие никогаш нема да ја прифатам таа жртва, бидејќи знам дека тие повисоки општествени цели као последица имале многу човечки жртви во минатото.

Вие како носител на јавна функција треба да го знаете фактот дека ниту еден родител кој го донел своето дете на вакцинација, не бил информиран и запознаен со сите ризици кои можат да произлезат од вакцинацијата, исто како што не дал ниту согласност за таа процедура (ниту тоа некој од него го побарал), иако ратификуваните конвенции и Законот за заштита на пациентите тоа го предвидуваат.

А кое е тоа општо добро, за кое ние треба да ги жртвуваме своите деца? Што мислел Уставниот суд велејќи “заштита на јавната сигурност, здравје, права и слободи на други лица.“?

Веројатно мислел на колективниот имунитет.

Науката знае дека за да се постигне колективен имунитет за одредена болест, потребно е одреден процент од индивидуите во колективот да бидат доживотно заштитени од таа болест. Вакцината не нуди доживотна заштита. Доживотен имунитет кон одредена болест единствено може да се постигне преку прележување на болеста. Вакцините, доколку успеат да заштитат (ефикасноста им се движи помеѓу 30-95%), таа заштита не е трајна односно не е доживотна, туку врската и афинитетот на антителата за врзување со вирусите исчезнува со тек на времето. Ова е докажано низ повеќе испитувања и објавено во престижни медицински списанија (27,31). Поради оваа причина колективен имунитет постигнат преку вакцинација не е можен, но се користи како маркетинг стратегија за подобро продавање на вакцините. Во поново време сведоци сме и на засилени кампањи за вакцинирање на возрасното население против детските болести за кои веќе биле еднаш целосно вакцинирани во минатото. Зошто би се барало тоа ако вакцините пружаат доживотен имунитет?

Продолжува на страна 10