Историските бенефити од вакцините се исто така манипулативни приказни кои не се темелат на вистински докази. Доказите кои говорат нешто сосема поинакво ги наоѓаме во официјалните државни статистиките на повеќето земји од западниот свет. Тие располагаат со податоци за подолг временски период на морбидитет/морталитет од одредена болест, па е едноставно да се следи трендот на одредена болест. Нашите државни статистики за жал не можеме да ги користиме, затоа што нашата државе е релативно млада и не располага со податоци на број на заболени/починати од одредена болест пред 1947. година.
Па што велат европските и американската официјална статистика? (16,17)
- Англија и Велс (1838-1975 година), смртни случаи од морбили, дифтерија, пертусис и шарлах (за шарлах нема вакцина), на 100.000 жители

Од графиконот 1 може да се забележи дека, вакцината против морбили е воведена во моментот (1968.година) кога смртноста од морбили била веќе намалена за 99,8%. Во 1840. год. имало 52 смртни случаи на 100.000 жители, трендот опаѓал без вакцина, за да во 1968.год. има само 0,11 смрни случаи на жители. Значи, заслугата на вакцината во намалувањето на морталитетот од морбили е само 0,2%. (16)
Интересно е да се забележи дека истиот пад на морталитет е забележан и за болеста шарлах (Scarlet fever) иако за неа никогаш не била воведена вакцина.(16)
Продолжува на страна 11

















