За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

914

Држава која принудува свои граѓани на небезбедни процедури не е демократска држава. Демократските земји го почитуваат правото на избор.

Затоа во најразвиените и најдемократски држави на Западна Европа вакцинирањето е право на избор (28).

Зошто сето ова го напишав и што очекувам од Вас?

Од вас, како носител на јавна функција очекувам да ме заштитите мене и моите деца, преку заштита на законите кои ги штитат пациентите од неетички пракси во медицината.

Барајте почитување на законите кои ги креирате, барајте почитување на конвенциите кои се ратификувни и барајте почитување на човечкиот живот, дигнитет и здравје, затоа што тоа е причината за која сте избран во тој дом.

Вие сте гласот на народот а на народот му се отвораат очите, народот гледа хаос и нетранспарентност во здравството, слуша лаги па правдања за лагите, гледа корупција и неказнивост, гледа кршење на закони заради “повисоки“ цели и повеќе не може да молчи. Не, кога здравјето и животот на детето кое го родил и над кое се тресел додека го растел е доведено во опасност заради повисоки цели.

Затоа од Вас барам поддршка на нашата иницијатива во Собранието, преку собирање на 10.000 потписи, да побраме промена на член 33 од Законот за заштита на населението од заразни болести, каде задолжителноста (ограничување на правото за поединците да одлучат за дејствија кои се однесуваат на нивната сопствена личност и тело, на правото на заштита на физичкиот интегритет и на правото на доброволно медицинско лекување) ќе стане препорака (вакцинацијата да може да се изврши единствено кога засегнатото лице доброволно ќе се согласи на тоа врз основа на претходно дадена информација).

Продолжува на страна 18