За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

914

  • “Според Судот, обврската за задолжителна вакцинација претставува дозволено ограничување на фундаменталните права на засегнатото лице со оглед на тоа што е неопходна мерка во демократската држава заради заштита на јавната сигурност, здравје, права и слободи на други лица.Задолжителната вакцинација во суштина претставува ограничување на правото за поединците да одлучат за дејствија кои се однесуваат на нивната сопствена личност и тело, на правото на заштита на физичкиот интегритет( член 11 од Уставот) и на правото на доброволно медицинско лекување, но според наше мислење таквото ограничување е пропорционално, а со тоа и во согласност со Уставот.
  • При градењето на правното мислење Судот го имаше во вид и фактот дека бенефитот од задолжителната вакцинација за здравјето на поединците и припадниците на пошироката заедница ги надминува последиците од вмешувањето (ограничувањето) на уставните права на поединците, но според Судот задолжителната вакцинација, определена со Законот, не е прекумерна мерка“(14).

Иако судот признава дека задолжителното вакцинирање претставува кршење на фундаменталните човекови права, смета дека тоа кршење е оправдано со повисока цел.

Исто така судот во своето одмерување на “бенефитите од задолжителната вакцинацијата“ наспроти “последиците од вмешувањето (ограничувањето) на уставните права на поединците“, заборава да ги додаде останатите последици од таа своја одлука, а тоа се последиците по здравјето на поединецот, кои можат да настанат при постапката на вакцинација. Тие последици се докажани и како такви, наведени во деклараците на производителите на вакцини. Така вакцината од производителот ГлаксоСмитКлајн, Приорикс, која кај нас се користи за заштита од морбили, рубеола и паротит, наведува дека како последица од вакцината детето може да заболи од менингитис (воспаление на мозочната мембрана), тромбоцитопенија (намален број на тромбоцити со ризик за крварења), енцефалитис (воспаление на мозокот), Guillain-Barre синдром (автоимуно заболување кое резултира со парализа) итн. (15)

Продолжува на страна 9