За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

914

И покрај постоењето на овие кодекси и декларации, денес знаеме дека во светот се продолжило со неетички експерименти и процедури, без предходна писмена информирана согласност од страна на пациентите.

Така помеѓу 1956. и 1980. година во државното училиште за деца со посебни потреби во Willowbrook (New York) е вршено испитување на вирусен хепатитис од страна на доктор Saul Krugman и неговите соработници. Истражуван е природниот тек на болеста, инкубацискиот период и ефикасноста на гама глобулините во лекувањето. Истражувањето се вршело на тој начин што здравите деца ги инфицирале со вирусен хепатитис (8). Оправдувањето било дека заразените деца примале одлична здравствена нега и стекнале имунитет на хепатит (повисока цел).

Истата година кога е донесена Хелсиншката декларација, спроведувано е истражување на рак во еврејската болница во Бруклин (Brooklyn Jewish Chronic Disease Hospital) од страна на докторот Chester M.Southam, така што на 22 пациенти им се уфрлени живи клетки на рак за да се следи нивната реакција и силата на имунитетот (9). Постапката на пациентите не им била објаснета, затоа што според неговото оправдување, не сакал непотребно да ги плаши (повисока цел).

Особено вознемирувачки биле испитувањата на радијацијата спроведени од страна на владините институции во САД од 1944. до 1974. година со цел добивање на нови сознанија за начинот на кој радијацијата влијае на човековото здравје. Поради тоа, повеќе од 4000 граѓани биле изложени на радијација без нивно знаење и согласност. Некои од експериментите се изведувале и на деца со што тие биле изложени на зголемен ризик да добијат рак во текот на животот. Откривањето на вистината за овие испитувања ја покрена администрацијата на Клинтон во 1994. година. Комитетот надлежен за спроведување на испитувањата (Advisory Committee on Human Radiation Experiments (ACHRE) признал бројни етички недостатоци на истражувањето, но позитивно ги вреднувал новите медицински знаења кои од нив произлегле (10). (повисока цел)

Продолжува на страна 6