За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

914

Петто, во моментов секој осип се прогласува за морбили, без лабораториска потврда и со тоа вештачки и лажно се прикажуваат повисоки бројки на заразени од реалните. За ова постојат сведоштва од пациенти кои можам да ви ги доставам на увид доколку има потреба.

Шесто, се нареди вакцинирање на бебиња помали од 9 месеци иако производителот наведува дека нема искуство со оваа популација и не е познато колку вакцината би била безбедна и ефикасна кај толку мали деца(15). Вакцината се препорача и за возрасни и адолесценти, иако и за нив не постојат студии кои би покажале дали вакцината е ефикасна и безбедна(15).

И тоа не е се. Како последица од сите незаконски чекори спроведени од здравствените власти, сега и на здрави деца кои имаат прележано морбили не им е дозволено да одат во градинка затоа што не се вакцинирани, а истото важи и за деца со хронични здравствени проблеми кои не смеат да бидат вакцинирани.

Сега, од кога видовме кои се незаконски чекори се превзедоа, да видиме кои законски чекори не се превзедоа.

Ние како држава имаме систем за прибирање на несакани ефекти од лекови и вакцини регулиран со правилник стар 11 години кој не ги задоволува ниту најосновните меѓународни регулаторни барања и каскаме зад развиениот западен свет во оваа област.Исто така немаме свест кај здравствените работници за пријавување на несаканите реакции. На тој начин не сме способни сами да процениме колку една вакцина е всушност безбедна. Од друга страна, увезуваме биолошки матереријали (вакцини) а немаме биолошки лаборатории за испитување на квалитетот на истите. Немаме ниту лаборатории кои би давале лабораториска потврда на вакцино превентабилните болести, немаме континуирана медицинска едукација за кадарот кој спроведува вакцинација, имаме застарена опрема за “студен синџир“ и имаме слаби практики за безбедно инјектирање (30).

Продолжува на страна 3