“СВОЈ” на Божидар Николовски со видео запис | Видео

473

“СВОЈ” е втора песна на Божидар Николовски, a комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот е Мими Марковски, но еве што вели младиот битолски боем за овој проект: 

– Дојдов на идеја, во соработка со Мими, да се направи автобиогравска песна со која сакав публиката подобро да се запознае со Божидар Николовски, но исто така и да дадам поддршка, утеха, но и мотивација на сите оние кои започнуваат со своја кариера. Спотот е сниман во Скопје и Охрид кои во исто време, покрај Битола, се моите два омилени града. Зад видео продукцијата стои Дејан Трајчевски. Навистина сум среќен и горд на целиот проект за кој има навистина одлични реакции. Секојдневно од сите страни добивам огромна поддршка и позитивни коментари, а за мене она што е најбитно, дека сите оние кои што ја слушале песната ја сфатиле пораката, но и се пронашле во истата. Навистина сум среќен поради тоа! Се надевам дека и Вам ќе ви се допадне. Секогаш Ваш Божидар Николовски!