Снег падна во Сахара, а во Саудиска Арабија температурата падна под нулата |Видео

1769

Додека јануари носи снег во многу делови на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено, сепак, деновиве ситуацијата е поинаква.

Снег падна во пустината Сахара, како и во Саудиска Арабија, каде температурите паднаа на минус 2 степени. На снимката се гледа тенок слој снег кој ги покрива песочните дини во Сахара.

Алжирските овчари ги водеа своите овци низ снегот. Таа област, Аин Сефра, позната како Порта на пустината, се наоѓа на 1.000 метри надморска височина и е опкружена со планината Атлас.

Снежните сцени сепак ги воодушевија Саудијците, кои меѓу другото во голем број се упатија кон пустината во регионот Асер за да фотографираат. Патем, снегот и мразот се многу ретки во пустините, но не и целосно невозможни. Во оваа област, температурата не падна под нулата веќе 50 години.

Кога системите за ладен воздух под висок притисок се движат од копното кон пустината, температурите паѓаат. Температурата може значително да падне во текот на ноќта, но снегот обично се топи преку ден.