Турско кафе за будење, инстант за дружење

152

Скоро секој испитаник во Србија вели дека во утринските часови пие топол напиток заради задоволство, дружење или од здравствени причини.

Половина српски граѓани се буди со кафе, покажала пред некој ден објавената студијата за тоа кои топли пијалаци избрале локалните жители. Речиси секој испитаник  постар од 15 години кажал дека денот го почнува со некој топол пијалок.

Според податоците на агенцијата за истражување на пазарот на компанијата ГФК, турското кафе обично се користи за разбудување, а инстант за разговор со пријателите. Во Србија, повеќето пијат црно кафе и тоа неколку пати на ден, додека веднаш зад него е чајот, кој се конзумира еднаш во два дена.

Колку е човекот  постар, толку  повеќе е наклонет кон поголеми количини на турско кафе. Истражувањето нарачано од страна на компанијата “Нескафе” сепак не го забележува овој тренд меѓу луѓето постари од 75 години. Во повеќето други кафиња најчесто уживаат младите кои спаѓаат во потрошувачите на топли пијалаци на база на чоколадото.

Најголемите љубители на турското кафе живеат на истокот и на западот на Србија. Инстант кафе најмногу се купува и нарачува во Белград, додека сладок топол пијалок најдобро поминува во Војводина.

Домашните потрошувачи во просек пијат една и пол шолја кафе во попладневните часови. Вработените испитаници често првото кафе го пијат на работа, додека невработените и постарите лица уживаат во утринскиот ритуал дома, сами или во друштво со еден сосед. Младите луѓе немаат вообичаени навики па им се случува во својата чаша на задоволството да уживаат колку дома, толку и со пријателите во кафулињата.

Продолжува на страна 2