Испитаниците не покажаа дека нивните навики значително се менуваат во текот на викендот ниту по бројот на испиените шолји, ниту по изборот на брендови. Поголемиот дел од потрошувачите пијат горчливо турско кафе, а шеќер и млеко додаваат само во инстант производите.
На прашањето зошто пиете турско кафе, повеќето од испитаниците изјавиле – поради силниот вкус и поради тоа што ги разбудува. Овој пијалок обично се пие наутро, во утринските часови и по ручекот.
За инстант кафето, кафепиите истакнуваат дека се достапни, со пријатен мирис и лесно се подготвуваат. Во нив обично уживаат со друштво.
Додека испитаниците за кафето истакнуваат дека ги буди, “ги подигнува”, дава можност за дружење и задоволство, додека за чајот тврдат дека е здрав и дека пред сѐ го консумираат првенствено поради здравствени причини.
Првата шолја без друштво
Најголем број од испитаниците – 60 % од нив – и понатаму турското кафе го ставаат во шолја со традиционална големина. Сепак, сѐ поголем број на српските граѓани – околу 35 % – за истиот пијалак користи големи шолји од два децилитри.
Испитаниците тврдат дека во ова задоволство наутро уживаат вообичаено сами додека се подготвуваат за работа, учат, гледаат телевизија, седат на компјутер или ја чистат куќата.
Иако во кулинарството важи дека топлите пијалаци одат заедно со торти и колачи, истражувањето покажа дека само 5 % од потрошувачите избира десерт со кафето односно 9 % со чајот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















